Нема пченица за увоз

Bez autora
Feb 14 2011

Кај мелничарите веќе владее паника по најавите дека Србија наскоро може да воведе забрана за извоз на годинашната жетва. Бугарија исто така размислува за ограничување на извозот, а увоз од прекуокеанските држави во моментов е неисплатлив поради високата цена на пченицата и дополнителните транспортни трошоци Македонија ќе нема од каде да увезе пченица за да ги задоволи своите потреби, тврдат извори за „Дневник“. Кај мелничарите веќе владее паника по најавите дека Србија за кратко време може да воведе забрана за извоз на годинешната жетва. Бугарија, исто така, размислува за ограничување на извозот, а увоз од прекуокеанските држави во моментов е неисплатлив поради високата цена на пченицата и дополнителните транспортни трошоци. Луѓето од власта тврдат дека пченица има доволно во Дирекцијата за стоковни резерви, но засега не планираат да интервенираат на домашниот пазар за да ги одржат цените на лебот и на брашното.

Нема пченица за увозКај мелничарите веќе владее паника по најавите дека Србија наскоро може да воведе забрана за извоз на годинашната жетва. Бугарија исто така размислува за ограничување на извозот, а увоз од прекуокеанските држави во моментов е неисплатлив поради високата цена на пченицата и дополнителните транспортни трошоци

Македонија ќе нема од каде да увезе пченица за да ги задоволи своите потреби, тврдат извори за „Дневник“. Кај мелничарите веќе владее паника по најавите дека Србија за кратко време може да воведе забрана за извоз на годинешната жетва. Бугарија, исто така, размислува за ограничување на извозот, а увоз од прекуокеанските држави во моментов е неисплатлив поради високата цена на пченицата и дополнителните транспортни трошоци. Луѓето од власта тврдат дека пченица има доволно во Дирекцијата за стоковни резерви, но засега не планираат да интервенираат на домашниот пазар за да ги одржат цените на лебот и на брашното.

Во српската влада веќе се размислува за ограничување на извозот бидејќи немаат доволно пченица и за свои потреби. 

„Порастот на цената на пченицата во Унгарија ја зголеми цените на пченица во Србија. Од минатогодишната жетва, па до првите февруарски денови извезени се преку половина милион тони пченица што е причина за загриженост кај српската влада. Државата се грижи дека ќе нема доволно пченица за домашна употреба. Трговците, пак, се загрижени дека ако владата го ограничи извозот, ќе им ја намали заработката која досега беше многу висока“ - пишуваат српските медиуми. Оттаму велат дека ова е слична ситуација како пред неколку години кога Србија го забрани извозот за пченица поради слична ситуација за да може да го спаси поскапувањето на брашно и на леб поради неконтролираниот извоз.

- Официјални најави за ограничување на извозот од Србија засега нема, но нашите партнери од каде што досега купувавме велат дека Владата може да им воведе извозна такса со што нашиот увоз ќе стане неисплатлив, велат домашните трговци.

По ланската жетва Србија располагала со околу 2,2 милиона тони пченица заедно со резервите. Домашните потреби се околу 1,65 милион тони. Извезени се 310.000 тони пченица и 81.000 тони брашно што изнесува околу 530.000 тони. Од ова се гледа дека вишокот е веќе продаден и дека мора да има забрана за извоз ако Србија сака да се заштити од тоа и самата да бара да увезе пченица.

Мелничарите велат дека пченицата во последните денови достигнала цена од 260 евра за тон, но според експертите можно е лесно да достигне 295 евра за тон, по колку што се продаваше на крајот на јануари 2008 година кога состојбата беше слична на сегашната.

Иако с` уште нема забрана за извоз од страна на Србија, македонските фирми тврдат дека ако побарате да увезете, ќе ви речат дека засега може да ви дадат само брашно, мелено од лани, зошто не знаат дали ќе има пченица и за задоволување на потребите на нивните граѓани. Во Бугарија од каде што доаѓа и најголемиот увоз на пченица за Македонија с` уште нема билански колку од произведеното количества ќе може да се извезе. 

Во Министерството за земјоделство велат дека засега нема никакви проблеми со увозот на пченицата, а во Дирекцијата за стоковни резерви смируваат и велат дека има доволно пченица. 

Македонија секоја година произведува 290.000 тони, а потребни ~ се 360.000 тони. Разликата треба да се увезе.

Светската банка предвидува нестабилни цени на храната

Цените на храната ќе останат нестабилни до 2015 година, а житните култури ќе се продаваат по повисоки цени од просечните, оценуваат експерти на Светската банка.

Цените на некои основни прехранбени продукти во моментов се движат во рамките на нивото од кризната 2008 година, кога поскапувањето на храната беше причина за масовни протести во многу земји, кои резултираа и со човечки жртви.

- Ризикот од порастот на цените на храната претставува најголем предизвик со кој се соочуваат поголемиот број од земјите во развој. Во најсиромашните земји семејствата трошат и до две третини од својот буџет на храна, па ова зголемување на цените многу сериозно ќе ги погоди, оцени претседателот на Светската банка, Роберт Зелик.

Експертите на оваа меѓународна финансиска институција проценуваат дека околу милијарда луѓе од светот се соочуваат со глад, па зголемените цени на храната би ги принудиле припадниците на сиромашните слоеви да се откажат од здравствено осигурување или од образование на своите деца.

Оценките на Светската банка за порастот на цената на храната беа изнесени по објавувањето на еден извештај во кој се тврди дека климатските промени имаат негативни последици врз земјоделските култури, поради што се очекува поскапување на пченицата, оризот, пченката, шеќерот и останатите основни прехранбени продукти на светските берзи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik